речник контакт

Ленка контра новите мерки за абортусот

Движењето за Социјална Правда – ЛЕНКА ја поддржува иницијативата за повлекување на Предлог Законот за прекинување на бременоста.

Петар Печков

Овој Закон ги нарушува основните слободи и права на жената и воопшто на граѓаните на Р.М. Членот 41 од Уставот на Р.М. гласи: „Право на човекот е слободно да
одлучува за создавање деца“, а на овој начин се кршат не само основните човекови права, туку и самите принципи врз кои е граден Уставот на нашата Република.

 Со новите одредби, државата уште еднаш агресивно ја напаѓа автономијата на здравствените установи, деградирајќи го нивниот капацитет. Рестрикционите механизми кои го ограничуваат правото на избор на
жената не се базирани на научни истражувања и на медицински докази и сметаме дека нивната задача е да го отежнат и бирократизираат веќе, самиот по себе, емотивно тежок чин за жената која се одлучила на абортус.

 Со носењето на овој Закон, се продолжува со безобразната кампања за градење „здрава нација“ и се започнува со спроведување на истата, што може да резултира со ужасни последици по животот на младите жени и cудбината на нивните семејства. Постои ризик да се зголеми бројот на
оставени деца и нелегални абортуси – а особено за посиромашните сограѓани, кои немаат пари за контрацепција.

Запрашајте се: дали сакаме „етички“ комисии да одлучуваат за нашите тела и нашите животи, „гинеколошки“ ординации во подрумите на болниците, осакатени девојки за кои животот може да прекине уште пред да започне?
Или сакаме солидно сексуално образование во училиштата, право на избор и генерации што ќе растат во здрави семејства и во достоинствени социо‐ економски услови?

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »