Петар Печков
Објавено: петок, 27 јули 2018
Одборот за доделување на Државана награда ,,Мајка Тереза,, одлучи годинешни добитници да бидат хуманитарката Ленче Здравкин од Велес и Омер Калеши, кичевчанец кој живее и твори во Париз.
Наградата е доделена за значајни остварувања на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развојот на соработката како помеѓу народите така и помеѓу припадниците на различните заедници, култури и вери- пишува во образложението.
Наградата ќе им биде врачена на 26 август. Ленче Здравкин ја доби и Општинската награда 9-ти Ноември во 2016--та година
Велешанката Ленче Здравкин е синоним за хуманост. Таа со првиот бран на мигранти низ Македонија летото 2014-та го отвори својот дом и несебично им пружи помош на бегалците.
Tweet |