Петар Печков
Објавено: среда, 28 март 2007
Доколку не се договорат ЈКП Дервен и ЈВП Лисиче како ќе се користи водата од реката Тополка, реална е опасноста Велес летово да се судрува со проблемот за водоснабдување.
Ова е предупредување кое го актуелизираше директорот на ЈКП Дервен во пресрет на започнувањето со полнење со вода на езерото Лисиче.
- Ќе мораме синхронизирано да настапиме во летниот период при користењето на реката Тополка. Лесно може да се случи градот да остане без вода за пиење, во период кога се најавуваат пеколни горештини - изјави Пецо Стојановски директор на ЈКП Дервен.
Потенцијалните проблеми можат да настанат бидејќи истиот воден ресурс, реката Тополка како извор за снабдување ќе го користат два големи корисника, ЈКП Дервен за снабдување со вода за пиење на Велес додека ЈВП Лисиче за полнење на езерото.
Реката Тополка има 48 милиони кубни метри водотек во текот на една година а од нив ЈВП Лисиче планира да искористи 24 милиони кубици за половина година, кога ќе треба да го наполни езерото.
Стручњаците на ЈКП Дервен пресметале дека на градот му се потребни 135 литри во секунда вода, која во летниот период се качува и повеќе од 200 литри, па проблем е од каде тие количества ќе се обезбедуваат, доколку ова лето се започне да се полни Хидросистемот Лисиче.

Tweet |