Петар Печков
Објавено: недела, 26 јуни 2011
Школата се одржа во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во општина Чашка. Школата беше финансирана од страна на Европската Скаутска Фондација од Женева и на истата учество земаа 40 извидници од Република Македонија. Едукативниот дел на школата беше воден од страна на Ангелче Гушев кои е инструктор од втор степен по вудбеџ методологијта на обука.
Покрај едукативниот дел на школата за учесниците беа организирани и два хајка и престои во природа. Учесници на школата беа извидници од Скопје, Валандово, Св.Николе и Велес.
Од Извиднички одред “Димитар Влахов“ велат дека во целост се посветени на обуката на помладите извидници како во Велес така и во Македонија и целосно се задоволни од реализирањето на оваа 12 по ред Школа за водачи која што е втора организирана како летна школа во низата на Зелениот Еди.
Tweet |