речник контакт

Летните тераси од денес отвораат, Владата се премисли наместо до 20 ч отворени до 22ч

Нема служење на шанк и коњопои

Петар Печков

Од денес четврток започнуваат со работа летните тераси на кафулињата и рестораните. Откако министерот за економија вчера напладне најави дека ќе работат до 20ч. вчера доцнеа навечер Владата реши да работат до 22ч.

Гости  се примаат само на летните тераси односно на отворените делови од угостителските објекти кои се од три страни отворени со кровна конструкција. Не е дозволено послужување на шанк и стоечки маси- т.н. коњопои. 

Масите треба да биде оддалечени една од друга во сите правци од 1,5 до 2 метри. Според протоколите за работа на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица само доколку се од исто семејство 

Се дозволува максимален број од 12 лица на споени маси доколку растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метар. За  влегувањето на гостите е потребно да се определи одговорно лице. Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса. 

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба. Во оваа фаза од работата на кафулињата и рестораните се забранува организирање на прослави односно свадби, родендени, крштавки и слично.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »