Петар Печков
Објавено: среда, 25 март 2026
Летното сметање на времето во 2026 година започнува недела на 29 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.
Летното сметање на времето завршува на 25 октомври недела, во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.
Потребата од донесување на оваа одлука е согласно Законот за сметање на времето и е во согласност со европски регулативи.
Во Република Македонија важи средноевропското зонско време.
| Tweet |




