Петар Печков
Објавено: четврток, 03 јули 2014
Во пресрет на летниот период кога има зголемени температури и зголемена опасност од настанување на шумски и други пожари на отворен простор, надлежните апелираат на поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти за заштита од пожарите.
Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски и други пожари на отворен простор, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица ги предупредува сите граѓани:
да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
да не се палат стрништа, меѓи, пасишта и други површини;
да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад;
да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал;
да не се фрлаат отпушоци;
да не се напушта огништето додека не се уверите дека огнот потполно е изгаснат;
отстранете ја запалливата вегетација покрај јавните сообраќајници;
не дозволувајте децата да си играат со запалки, пламен и жар;
доколку оцените дека пожарот е мал и безбедно можете да го гаснете, сторете го тоа со прирачни средства.
Во спротивно оддалечете се на безбедно растојание;
Да потсетиме дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода!
Со ова ја исполнувате вашата граѓанска должност и придонесувате кон заштита на шумите од пожари.
Tweet |