Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јануари 2018
До почетокот на летната сезона наплатните станици кај Велес, Петровец и Градско, на делницата од автопатот Скопје - Неготино ќе бидат реконструирани и модернизирани за да може да примат сите патници и да не се создаваат километарски колони и гужви. Ова го најавија Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и Зоран Китанов директор на ЈП за Државни патишта, на заедничка прес конференција, кој се одржа на патарината Сопот близу Велес.
Основната цел е да се прошират наплатните станици со повеќе ленти, за да се избегнат сите тесни грла кои се појавуваат во летниот период и така да се олесни протокот во сообраќајот. Истовремено е воведува и електронскиот систем на плаќање на патарина - изјави министерот Сугаревски.
Најави дека реконструкцијата на наплатната рампа Романовци е во завршна фаза а добиени биле градежни дозволи за изградба на наплатни станици кај Неготино и Демир Капија на автопатот до Гевгелија и наскоро тие ќе започнат со градење. Инвестицијата е вредна 18,7 милиони евра, од кои 2,8 се од Буџетот на РМ а 15 милиони од Европска Банка за обнова и развој. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта дополни дека дозволите за работа за оваа инвестиција се чекале две години,тие ги добиле неодамна и веднаш започнале со реконструкција. Плаќањето на наплатните станици во прво време ќе било комбинирано со готово, платежна картичка и електронска.
Воведувањето на електронски картички за плаќање не значи и отпуштање на вработени. Ќе минат неколку години додека тоа не се усоврши, па после тоа ќе можеме да говориме што понатаму - рече Китанов директор на ЈП ДП.
Тој се пофали дека откако е тој на оваа позиција, за последните пет месеци во Буџетот имало повеќе влезно пари отколку во истиот период лани за 1, 234 евра и нагласи дека 2017-тата била најуспешна во работењето на ова ЈП. Тој додаде дека веќе е започната постапката за реконструкција и на наплатни станици на Коридор 8 и воведување на електронски картички и на оваа делница, за што бил распишан тендер како.
Одговарајќи на новинарско прашање министерот Сугарески потврди дека е повикан како сведок во СЈО во истрагата наречена ,,Траекторија,, . Ќе давал исказ на 23 јануари но не можеше да каже колкава е штетата која државата ја претрпела со договорите за изградба на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид.
Tweet |