Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2022
Советот донесе одлука со Градскиот базен ова лето да стопанисува ЈП Парк спорт и паркинзи. Тоа се однесува на следните летни месеци, откако на јавниот повик немаше заинтересиран закупувач, кој би го работел објектот.
„ЈП Парк спорт и паркинзи имаат шифра во својата дејност да работат, оваа сезона да стопанисуваат со Градскиот базен. Се надевам дека до крајот на месецов тој ќе биде отворен. Освен оваа одлука на следната е потребно да се донесе уште една. Нема да дозволиме тој да биде затворен летово. Интересот за негово закупување е намелен, оти се отворија бројни базени по хотелите, каде не се наплатува а овде се плаќа влез. Две години имаше ковид пандемија, опадна интересот за негово користење“ - рече Марко Колев градоначалник на Велес.
Во работата на градскиот базен ќе помага и ЈКП Дервен, со снабдување на вода, пречистување на водата, обезбедување филтри. На следната седница на Советот, УО на ЈП Парк спорт и паркинзи, треба да го достави ценовникот за посетителите, по што тој би започнал со работа.
Tweet |