речник контакт

Летово нема да сообраќа сезонскиот патнички воз од Белград за Солун и обратно

Затворените граници и состојбата со ковид-19 се причина зошто е откажано неговиот старт

Петар Печков

Нема да вози меѓународниот воз од Белград за Солун и обратно, кој требаше да почне да сообраќа од саботата 13-ти јуни. Така одлучиле трите компании, Македонски железници АД Транспорт, Србија воз од Србија и Траиносе од Грција, соопшти Македонски железници. Причината се засега затворените граници и состојбата со КОВИД-19.

Бидејќи во моментот не постојат услови за непречен проток на патници кои би патувале со возовите на релација Белград- Скопје- Солун- Белград, во координација со Србија воз и Траиносе, се одложува почетокот на сообраќај на овие возови до усогласување на ставовите на железничките управи на превозниот пат и создавање на услови за непречен сообраќај  се вели во информацијата на Македонски железници.

Овој меѓународен воз требаше да сообраќа летните месеци, за потенцијалните туристи , но годинава поради ковид-19 состојбата , возот нема да тргне. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »