речник контакт

Летото стаса во 11,13 часот, прогнозите се дека не очекува врело лето

Прогнозата на УХМР за ова лето вели дека не очекуваат натпросечно високи температури проследени со топло и сушно време и потпросечни количината на врнежи

Петар Печков

Денес, вторник 21 јуни во 11:13ч. астрономски дојде летото, за жителите на северната хемисфера.  Во исто време, за жителите на јужната хемисфера започнува зимата. Летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 49 минути, ќе заврши на 23 септември, во 03:03 часот. 

Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка, денешниот ден, вторник  ќе биде најдолгиот во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Така, Сонцето во Велес ќе изгрее во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 11 минути. Денот ќе трае цели 15 часа и 12 минути, а ноќта само 8 часа и 48 минути.

Веќе од  четврток деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2022 година. Инаку, метеоролошкото лето започна на 1 јуни, а ќе заврши на 31 август 2022 година. Интересно е што следната година летото ќе започне на 21 јуни, а потоа ќе ја имаме годината со почеток на летото на 20 јуни (2024).

Прогнозата на УХМР за ова лето вели дека не  очекуваат натпросечно високите температури проследени со топло и сушно време.  УХМР за потпросечна, пак, ја прогнозира количината на врнежи која ќе ја имаме ова лето во земјава, а најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува во август. Во планинските делови, пак, постои веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Голема е веројатноста дека претстојното лето во земјава ќе го одбележат натпросечни температури, а такво време се очекува во целиот југоисточен регион на Европа,  покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во претстојната летна сезона, од УХМР велат дека постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори

Прогнозите на Accuweather и големите светски метеоролошки центри, укажуваат дека оваа лето на Балканот и во Македонија ќе биде доста топло, слично на претходната 2021 година. Особено топло ќе биде во втората половина на август, а можни се и чести временски непогоди. Овие прогнози се во согласност со сценаријата и проценките за климатските промени во овој дел на Европа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »