речник контакт

Леш од свиња, во Вардар среде Велес

Велешани стравуваат каде заврши угинатата свиња, која ја фрилил, во време кога во соседството се појави африканска свињска чума

Петар Печков

Средата  попладне, околу 16ч. во близина на Мало ,мовче, во центарот на Велес виден е леш од свиња во водите на реката Вардар. Минувачите кои тогаш го преминувале мостот биле зачудени  од глетката. Еден од нив и ја фотографирал умрената свиња и фотографиите ги достави до медиумите.

 Во моментите кога земјава се бори  да не влезе африканса свињска чума, среде град, во реката Вардар има мрша од угината свиња.  Не знаев каде треба да се јавам, да реагирам. Кога после половина час повторно минев, свињата ја немаше. Не верувам дека Вардар ја однел, оти има мошне ниско ниво на протек. Дали можеби некој ја земал и месото ќе заврши на трпеза а не е испитано, не знам, но остануваат дилемите - вели велешанецот кој ги достави фотографиите за објавување. 

Велешани стравуваат каде заврши угинатата свиња, која ја фрилил, во време кога во соседството  Србија и Бугарија, се појави африканса свињска чума а забранет е и увоз на свежо и замрзнато свинско месо од овие две земји.  

Затоа пак риболовците од градот посочуваат дека имало бројни случаи кога по Вардар пловеле угинати свињи, кои несовесните сопственици наместо во јами ги фрлаат во реката. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »