речник контакт

Лидерот во Трета лига Југ, ФК Локомотива се сепна дома во Градско

Пораз за ФК Превалец и ФК Илинден БС, но и за ФК Работник од Лозово

Петар Печков

Резултатски лош викенд за екипите од ОФС Велес во Третата  фудбалска лига Југ. Лидерот ФК Локомотива во Градско, дома одигра само реми со ФК Вардар од Неготино, тим од средината на табелата. Играа 1:1. ФК Превалец  во дербито во прилепско Црнилиште, загуби со 4:1 од екипата на ФК Ново Црнилиште, која со оваа победа е новиот лидер, заедно со ФК Напредок од Крушеане. Ништо ново кај ФК Илинден БС  кој загуби со 2:0 во дербито на дното, од соседот на табелата ФК Марена.   

По ова 10-то коло ФК Локомотива е трета со 19 бода, ФК Превалец е четврти со 18 бода а ФК Илинден БС е 14-ти со четири бода.

Во следното коло, се игра утре вторник, ФК Превалец игра дома со ФК Дојранско езеро кој е шести со ист број бодови 18, ФК Илинден го пречекува лидерот ФК Ново Црнилиште а ФК Локомотива од Градско гостува во прилепско Обршани, кај истоимената екипа, која е петто пласирана со 18 бода.   

Во Третата фудбалска лига  Исток,  лошата резултатска серија на ФК Работник од Лозово продолжува. Во   деветтото коло, загубија во Радовиш од екипата која е третопласирана,  ФК Детонит со 6:1. И натаму ФК Работи е претпоследен со четири бода а во следното, го пречекува тимот на ФК Хоризонт од Турново, кој е петти со 16 бода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »