Петар Печков
Објавено: среда, 25 септември 2013
Собранието на Република Македонија на 72. седница ја избра велешанката Лидија Каначковиќ за нов член на Судскиот совет. Таа досега беше судија во Вишиот управен суд.
Правен факултет Каначковиќ завршила 1983 година, правосуден испит положила во 1985 година. Од 1984 година е приправник и стручен соработник во Општински суд Велес а од 1986 година е судија во Општински суд Велес. Во 2006-тата кога е формиран Управниот суд таа е избрана за судија во оваа институција.
Судскиот советот е надлежен за да ги избира и разрешува судиите, да ги избира и разрешува претседателите на судовите, да утврдува престанок на судиската функција, да избира и разрешува судии поротници, да ја следи и оценува работата на судиите, да одлучува за одземање на имунитет на судија, да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија, да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите, да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција.
Tweet |