речник контакт

Ликовниот салон оштетен

На повеќе места од објектот се јавија пукнатини

Петар Печков

 Ликовниот салон има сериозни оштетувања на зградата. На местото каде е спојката помеѓу стариот објект и новиот, на таваницата има пукнатини долги по неколку метри  и широк еден сантиметар. Ваквата состојба  се појавила летово. Од Народниот музеј, на кого му е даден на користење овој културен објект, препраќаат до локалната самоуправа, чија  сопственост е. Од таму велат дека не се запознаени со случајот и би било добро информацијата да ја добијат од корисникот Народниот музеј, за да излезат на терен.

Не сме, запознаениникој не не информирал, но според тоа што го посочувате се случува разделување на двете згради поради нивно  пропаѓање во земја, улегнување. Бидејќи влезниот дел е нова градба тука се јавува и тој расцеп. Стариот дел побрзо пропаѓа, новиот поспоро, по што се јавиле тие пукнатини. Проблемот не е тежок ниту страшен. Со мала градежна интервенција може да се реши. Но  за да тоа се изведе ќе треба писмен допис од корисникот Народниот музеј од Велес – велат од локалната самоуправа. 

Ваквата состојба на расцеп и оштетување на зградата можеа да ја видат бројните посетители на културните случување кои изминатиот период  беа организирани токму во овој простор.  Ликовниот салон во Велес беше предаден за употреба пред шест години за Денот на општината 9-ти ноември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »