Петар Печков
Објавено: сабота, 04 јули 2015
Ви претставуваме кратка листа на светски рекорди од светот на книгите.
- Дороти Стрејт (25.05.1958) на свои 4 години станува најмладиот автор со комерцијално објавена книга. Станува збор за книгата „Како започна светот“, издадена во 1964 год.
- Најповеќе соборени книги во домино ефект постигнаа вработените на „United Biscuits“ од Велика Британија, со соборени 5318 книги на 28 јануари 2015
- Најбрзо продадена книга за 24 часа е „Хари Потер и Реликвиите на смртта“ со продадени 15 милиони примероци за 24 часа (или 625.000 книги на секој час).
- Луѓето во Индија се најголемите читатели во светот, поминувајќи во просек 10,7 часа неделно читајќи.
- Првиот роман напишан на машина за пишување се смета дека е „Авантурите на Том Соер“ од Марк Твен.
- Книга со најспора продажба е наводно преводот на Новиот Завет од коптски на латински во 1716. Последниот примерок од своите 500 копии е продаден во 1907 година.
- Околу 150.000 нови книги се издаваат во Велика Британија секоја година.
- Еден од пет луѓе во светот не знае да чита и пишува (со највисока стапка во Јужна и Западна Азија и Супсахарска Африка).
- Орин Вудвард е авторот којшто влезе во Гинисовата книга на рекорди како автор со најмногу потпишани книги на еден настан- 6786 книги. Својата книга "И правда за сите" ја потпишуваше 6 часа и 33 минути во националната арена во Колумбус, Охајо, САД, на 21 јуни 2014
- Е.Л.Џејм, авторката на трилогијата „Педесет нијанси сиво“, е автор со највисока заработка на книги за возрасни со заработени 95 милиони долари за периодот од јуни 2012 до јуни 2013
- Најголемата приватна колекција на книги ја поседува John Q. Benham, од САД, со повеќе од 1,5 милиони книги. Голем дел од книгите се наоѓаат во неговиот дом, во гаража каде што може да се сместат 6 автомобили и наредени под церада на отворено.
- Deepak Sharma Bajagain го постави рекордот за најдолго читање на глас, 113 часа и 15 минути. Изрецитирал 17 различни книги од 13 автори за време на маратонот.
Tweet |