Петар Печков
Објавено: вторник, 08 март 2011
Локалната библиотека „Гоце Делчев‘‘ во соработка со Општина Велес и Клубот на писатели „Кочо Рацин‘‘ од Велес ја одржа традиционалната литературна манифестација на која беа доделени и наградите по распишаниот литературен конкурс посветен на празникот 8 - ми март.
Првото место кај учениците од прво до четврто одделение од училиштата од Велес и велешко на тема „Благодарам мамо‘‘ го освои Иво Мирчев третооделенец од ООУ „Свети Кирил и Методиј‘‘ од Велес. Кај учениците од петто до осмо одделение на тема „Мајка-еден единствен збор‘‘ првото место го освои Тања Славева осмооделенка иста така од ООУ „Свети Кирил и Методиј“.
На конкурсот беа доделени и повеќе втори и трети награди, а шест ученици беа пофалени.
На конкурсот учествуваа 200 творби и ние сме задоволни од големиот интерс на основците за нашиот веќе традиционален конкурс,изјави Гордана Васковска в.д.директорка на Локалната библиотекла „Гоце Делчев‘‘.
На манифестацијата настапија и жени писателки од Велес и хорот на ООУ „Васил Главинов‘‘ од Велес
Tweet |