речник контакт

Лицата кои беа во државен карантин во хотел Монтенегро го напуштија по двонеделен престој, оздравени заминаа и двете лица од групата кои имаа ковид-19

Групата беше од македонски државјани кои се вратија со лет од Брисел на 10-ти април

Петар Печков

Сите седумдесет и четири лица кои 15 дена  престојуваа во државен карантин во хотелот „Монтенегро“  кај Велес, си заминаа дома.  Тоа беа македонски државјани кои допатуваа со лет од Брисел- Белгија, на 10-ти април.  Дека во хотелот нема повеќе гости потврди и сопственикот Зоран Тодoровски.

Сите заминаа а дали ќе престојуваат нови лица во државен карантин, зависи од Министерството за надворешни работи, ако организира ново враќање на македонски државјани од трети земји во Македонија - рече Тодоровски. 

Оваа информација ја потврди портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова,  бидејќи доктори од таму, заедно со колеги од ЈЗУ Здравствен дом,  беа задолжени да ја следат здравствената состојба на лицата кои престојуваа во хотелот две седмици. Од Инфективното одделени при велешката болница, како оздравени пуштени се и двете лица, кои има ковид-19 а беа дојдени со оваа група.

Лицата беа негативни на двата контролни теста на ковид-19 па и тие го напуштија одделението и си заминаа - изјави д-р Николовска Неделкова. 

Во хотелот „Монтенегро“ претходно престојуваа и 45 лица кои во март месец се вратија со лет од Загреб- Хрватска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »