речник контакт

Лицитација за населба Тунел

Започнува процесот на изградба на социјални куќи на 20 години отплата без кредит.

Петар Печков

Американската невладина и непрофитна организација „Хабитат“ понуди највисока цена и го доби на лицитација градежното земјиште во населбата Тунел во Велес, кое е сопственост на Република Македонија.

Со ова е отворена можноста таму да започне да гради населба на станбени куќи за домување. Во петокот имаше јавно наддавање кое се одржа во Министерството за транспорт и врски понудија највисока цена по квадрат, со што во конкуренција со друго физичко лице „Хабитат“ го добија земјиштето на долготраен закуп за изградба на станови за семејства во услови на сиромашно живеење.

Тие за еден квадарат понудија 25 денари, наспроти почетните 15 денари и на тој начин победија на оваа лицитација. Така сега „Хабитат“ ќе може да започне со изградба на 45 куќи, секоја со по 65 метри квадратни, кои ќе чинат 20 илјади долари, сите приземје плус два спрата. Рокот на исплата на куќите е 20 години по 4.675 денари месечно рата.

Населбата која ќе се простира на 6,4 хектари, треба да биде готова за една година. Ова е прв ваков обид на „Хабитат“ во Македонија да се решава прашањето за вдомување на семејства со ниски примања.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »