Зоран Николов
Објавено: сабота, 17 декември 2005
Лична карта на Велешанец
Име и презиме: Исто како дедо му.
Прекар: Улав, Смрден, Пеер, Умрен, Ташак, Сељак.
Хороскопски знак: Семкар, подзнак Драпајмадиња.
Адреса: Или Благој Ѓорев или нагоре по ридот.
Професија: Шо и да е за пет иљади.
Општествен статус: Незадоволен граѓанин од владата.
Хоби: Кладење, Гледање плакати кој умрел.
Брачен статус: Среќно неоженет.
Деца: Едно ко ниедно.
Домашно милениче: Галапчиња.
Станбен статус: Хармонична симбиоза со родителите.
Вечна амбиција: Да добијам документи за на брод.
Надежи: Годинава да биде поарно.
Најчеста фраза: „Абе умрел Андре на Ленка...“
Непоправлива навика: Плукање по улица
Дневна маршута: Дома – Работа – Дома, Дома – На школо – Дома, Дома – Кладилница – Дома (Кладилница се комбинира со претходните две), Дневна – Спална – Дневна (само за најупорните)
Вечерна шема: 30 круга од Панини до кај Семкарот (за под 18 год.) Рандом избор на комплекс кафичи + PUB IN, AS, DISCO
Трошоци: Повеќе од заработката.
Комплекси: Да му цркне козата на комшијата.
Најпосакуван велешанец: Тој со поршето.
Најпосакувана велешанка: Таа со деколтето и миничот на минус 20.
Tweet |