речник контакт

Ловџиите го окупираа Велес

Околу 250 потенцијални ловци во Велес полагаа ловџиски испит

Петар Печков

Во просториите на Ловното Друштво ,,Руен,, се одржа полагање на испит за ловец. За ова се пријавиле околу 250  лица, не само од Велес, туку и од  селата Бузалково, Горно Јаболчиште и соседните општини, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Градско, Лозово.

Големиот број на ловци го промети редовното живеење во градот, во делот околу зградата каде се полагаше. Многуте автомобили, бројните кандидати а малиот слободен простор за паркирање, влијаеја  на  нормалното функционирање на велешани. Кандидатите пак треперливо чекаа со часови да дојдат на ред и да полагаат.

Полагање за ловец е  еднаш на неколку години, а ова во Велес е прво после три. Затоа има ваква гужва. Интерес има оти подолго време не се одржало полагање а има луѓе кои сакаат да се бават со оваа рекреација. Згора на тоа ако сакам да  имам дома  оружје, морам да бидам ловџија со документ – изјави  еден од кандидатите за ловџии, кои веднаш по усмениот испит знаеја дали положиле или не.

Тие требаше да платат илјада денари за испитот а одговараа усно на прашања што е капиталец, какви ловечки пушки има, колку пати годишно заекот се коти, каква муниција се троши за пушките,  кои животни се заштитени со Закон кои не, требаше да погодат какви примероци од животни има пред нив а оценката се вршеше според забалото.  Кандидатите кои не положија, а имаше и такви следната шанса ќе ја чекаат по неколку години.

Меѓу кандидатите имаше и две жени кои сакаат да станат ловци и двете положија. Објаснија дека сакаа да бидат ловџии оти ја сакале планината, често оделе таму на прошетка и дека  дозволата ја добиле за секој случај, да се заштитат  и одбранат при евентуални средби со  дивечот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »