Петар Печков
Објавено: среда, 17 февруари 2021
Во тек е прехраната на дивечот во ловиштата на Ловното друштво „Руен“ од Велес. Тоа е нивна обврска согласно потпишаната концесија за користење на ловиштата во велешко. Прихранувањето на дивечот е засилено изминатите денови откако падна снег и има снежна покривка, па животните во ловиштата тешко наоѓаат за храна.
Се прехранува дивеч на 10 ловишта чиј концесионер е ЗЛД „Руен“ на површина од 114 илјади хектари. Помошта со прехрана е неопходна за да овој дивеч преживеена овие лоши временски услови.
„Се прехранува според видови на ловишта и видови на дивеч. Според ловишта прехрануваме за ситна дивеч -полска еребица, еребица каменарка и заекот за кои оставаме зрнеста храна кршок од пченица, пченка и јачмен во количина од 4,5 илјади килограми за 80 отсто од овие ловишта. За крупна дивеч- дива свиња, срна, волк оставаме пченка, сено, и кабаста храна зелка, јаболко за четири ловишта оставени се 13 илјади кг и 8,7 илјади кг енергетска“ - кажа Ване Нанов од ЛД „Руен.
Овој период е ловостој за дивечот под заштита, додека за дивечот без заштита- волк, лисица, куна не важи и тие може да се ловат. Оваа зима како и претходните од ЛД „Руен“ вршат прехрана на прелетниот дивеч - патките, шатките и гуските на езеро Младост, кои тие ги донеле пред десетина години.
Прехранувањето ќе трае до крајот на февруари, и доколку продолжат неповолните временски услови со многу снег, ќе се продолжи и во месец март.
Tweet |