речник контакт

Лозово доби спортска сала (фото)

Спортската сала е на површина од 650 квадратни метри, се состои од комбиниран терен за повеќе спортови и е инвестиција од 24 милиони денари

Петар Печков

Денес свечено беше предаден за користење спортската сала во Лозово, која е изградена во рамките на ОУ  „Методи Митевски Брицо“.   За изградба и опремување на оваа спортска сала од буџетот на Министерството за образование и наука се издвоени околу  24 милиони денари. На свечениот чин пристудуваа премиерот Зоран Заев, потпретседателот на Владата Љупчо Николовски и   Министерката за образование  Мила Царовска.

На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици, и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, гимнастика.

„Учениците во ова основно училиште од годинава ќе имаат најсовремени услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование, откако во сите години претходно содржините по овој предмет ги реализирале  на отворено или во адаптирани училници во зимскиот период“.- кажа градоначалникот Ацо Велковски.

Спортската сала на површина од 650 квадратни метри се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, гимнастика.

Во спортската сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.

Салата во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово, е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, 6 во основните училишта, а уште 7 во основните се во фаза на изградба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »