Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 октомври 2023
Големиот пожар помеѓу Велес и Лозово, вчера, понедленик, доцна попладне е локализиран, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Тој е регистриран неделата вечер, околу 23ч. на земјоделска површина, стрниште кај село Мамутчево. Огнот потоа се проширил и зафатил борова шума. Жителите на Мамутчево велат дека огнот се доближил до селото и стравувале по нивната безбедност. Потоа огнот се проширил кон Иванковци и продолжил кон Лозово.
Огнот, кој зафати висококвалитетна борова шума го гаснеа еден хеликоптер на МВР и двата ер трактори на дирекција за заштита и спасување ДЗС.
На терен биле и 17 пожарникари со четири против пожарни возила од ТППЕ Велес, од ЈП „Национални шуми“-подружница „Бабуна“ од Велес дејствувала екипа од пет вработени со едно теренско возило, а од страната на Свети Николе дејствувала една екипа од 5 пожарникари со теренско возило од ТППЕ Св. Николе со тим од 4 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Шумарство“ од Свети Николе.
Поради силен ветер, влијаеше пожарот да се проширува и зафаќа делови од боровата шума во тој реон.
Жителите од селата Мамутчево и Милино сведочат дека е изгорена голема површина од борова шума, изгорени се стотици хектари и околината на селата е црна од изгорените стебла.
Tweet |