Петар Печков
Објавено: недела, 06 септември 2026
Големиот пожар кој зафати борова шума во близината на село Ногаевци доцна синоќа е локализиран. Информацијата ја објавија од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и велешките пожарниакри.
„Саботата на 5 септмеври година, во 13:25 часот, примена е дојава за запалена борова шума кај село Ногаевци. Територијална противпожарна единица Велес излезе на лице место со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители. По пристигнувањето на лице место, поради сериозноста и брзото ширење на пожарот, од страна на единицата беше побарана дополнителна помош, при што се приклучија уште две ПП возила и шест пожарникари-спасители. По неколкучасовна борба со пламените јазици, пожарот е целосно изгаснат, со што е спречено негово понатамошно ширење“ – соопштија од ТППЕ Велес.
Во акцијата за гасење на големиот шумски пожар се вклучила и Дирекцијата за заштита и спасување со два ЕР трактори и два огнени тимови со два „Пинцгауери“.
ТППЕ Велес упатува голема благодарност до Љубе Митковски, кој со својот трактор активно помогнал во акцијата, правејќи ПП-пресеци за запирање на огнената стихија. Горела и сува трева и нискостеблеста вегетација.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов со пофалби за решителноста и храброста на велешките пожарникари кои смело влегле во шумата да го локализираат пожарот, во што успеале.
фото Дирекција за заштита и спасување
| Tweet |








