Петар Печков
Објавено: сабота, 27 август 2011
Во петокот вечерта во 18 часот огнот избувнал меѓу селата Горна Чашка и Еловец, по што тој се проширил. Поради големата површина, која зафатила нискостебелста шума, тој постојано се ширел, па на помош биле повикани членовите на Доброволното противпожарно друштво Бабуна од Чашка, Јавното комунално претпријатеие Тополка од Чашка, противпожарната единица од Велес како и населението од двете села.
Тоа усепало да го локализира огнот околу еден часот по полноќ, но утринава повторно пламнал. По ова во 6 часот биле повикани и канадерите на Дирекцијата за заштита и спасување. По ова огнената сгихија била згасната. Истовремено пожари се јавиле и помеѓу Богомила и Ореше. каде моментално делуваат авионите на Дирекцијата за спасување и заштита.
Tweet |