речник контакт

Локалитетот Згрополско Кале или Гурбита

Завршија едномесечните архелошки ископувања на локалитетот Згрополско Кале, во науката идентификуван како Гурбита, кој се наоѓа на 12 км северно од античкиот град Стоби.

Петар Печков

Завршија едномесечните архелошки ископувања на локалитетот Згрополско Кале, во науката идентификуван како Гурбита, кој се наоѓа на 12 км северно од античкиот град Стоби. Станува збор за хеленисточко-римска некропола каде се откриени и истражени седум гроби целини, кои даваат одлична слика за тамошното население и животот што се одвивал таму.

- Презадоволни сме од  нашите истражувања, бидјеќи тие покажаа исклучително значајни наоди, не само по својата естетско уметничка туку имат и историска вредност. Тие укажуваат на постојаната и непрекината врска на населбата со значајните центри на Балканот и Медитеранскиот свет – изјави Анита Василкова Мидоска, археолог од Народниот Музеј од Велес раководител на заштитните ископувања.

\"\"

За изминатиот период таму се откриени теракотни фигурини, керамички садови, накит, монети, оружје. Ископаните предмети покажуваат дека населението исклучитело го почитувало култот кон починатиот а гробот бил куќа за вечно почивање. Некрополата е лоцирана на карпест терен, се наоѓа на т.н. Вардарско-Моравската линија. Во близината е автопатот Скопје-Гевгелија а на локалитетот пронајдени се и кремирани посмртни останки.

\"\"

- Од засега сработеното може да се каже дека станува збро за античка населба, која постои од железно време од 7 век п.н.е чиј процут се случува од 3 век п.н.е до 1 век н.е. а изумира во 4-тиот век. Значајно е што на мали површини откривме интересни и различни предмети, што зборува за непрекинатиот континуитет на живеењето на овој простор – објаснува Мидевска Василкова. Сите овие податоци одат во прилог дека населбата Гурбита имала интензивни врски со големите и значајни центри во регионот.

Ова е прво испитување на локалитетот, кој бил откриен во 1990-кога тука се работело на новиот автопат Е-75. Тогаш биле откриени монети, теракотни фигурини тангари, со ликовите на Деметра, Афродита. Заштитните археолошки ископувања изминатиот период се изведени со сопствени средства на Народниот Музеј од Велес од каде велат дека е потребно истражувањата да продолжат и наредната година а за тоа очекуваат средства и од Министерството за култура.


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »