Петар Печков
Објавено: вторник, 19 април 2022
Велес ќе добие подземна гаража во центарот на градот, спроти Судот. Тоа е решение кое го нуди идејното решавање за уредувањето на централното градско подрачје. Истото треба да се решава со 750 илјади евра, грант од ЕУ.
Но останува дилемата која стручните лица подолго време ја посочуваат, а тоа е дека во централно подрачје не треба дa се гради ниту катна, ниту подземна гаража, оти така нема да се избегне гужвата во сообраќајот и згадувањето кое тоа ја предизвикува.
За тоа дали реално треба да се гради подземна гаража во центарот на Велес, ТрМр го праша градоначалникот Марко Колев.
„Постапката е отидена предалеку и не е можно никакви измени. Имаме проект, имаме ревизија, издадено решение за градба, имаме сообраќајно решение, значи имаме се“ - изјави Колев.
Но иако има се, нема обезбедено финансиска конструкција. Со кои пари ќе се гради подземната гаража, која би имала три ката под земја е дилема на градоначалникот.
„Не можам да се врзам со рокови. Во преговори сме со ЕУ, со Владата, со донатори. Со пресметките чини 90 милиони денари или 1,5 милиони евра. Општина Велес е подготвена да финансира и со свој дел. Во разумен рок од 3-6 месеци би знаеле поконкретно. Таква подземен катна гаража има во неколку европски градови. Примерот е земен од нив. Над неа е предвиден современ модерен плоштад“ - кажа Колев.
Tweet |