речник контакт

Локалната власт бара граѓаните да ги информираат каде има диви депонии, за да може да ги отстранат (фото)

Досега граѓаните за ваквите случаи, реагираа преку социјалните мрежи

Петар Печков

Локалната власт се одлучи да ги повика граѓаните кои имаат информации за диви депонии да се јават во Општина Велес, со цел истите да бидат отстранети. Досега граѓаните  за ваквите случаи, реагираа преку социјалните мрежи а бројни беа реакциите со фотографии кои стигнуваа и до ТрМр.

„Се повикуваат граѓаните на Велес кои имаат сознанија за постоење на мали и големи диви депонии во и околу градот да ги пријават во Општина Велес и тоа на веб страницата на општината преку линкот „пријави проблем“ или да се јават на телефонските броеви 078 254-729 или на 043 232-406“ - соопштија од Општина Велес..

На тој начин службите на Општина Велес ќе имаат сознанија каде се наоѓаат дивите депонии и ќе можат да интервенираат со цел истите  да се отстранат.

фото илустрација  од пред некој ден, реакциja на граѓанин до ТрМр за дива депонија на патот Бузалково - Р`левци

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »