речник контакт

Локалната власт бара кандидати за формирање на Локално собрание на млади

Јавниот повик е отворен заклучно со петок, 28 октомври 2022 година.

Петар Печков

Општина Велес објави  јавен повик за формирање на Иницијативен одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади. Ова е втор повик, откако на претходниот не се јавиле потребниот број кандидати.

Ова тело ќе биде составено од пет  членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината.

Лицата кои се предлагаат  треба да се жители на Општина Велес, на возраст од 15 до 29 години.
Јавниот повик е отворен заклучно со петок, 28 октомври 2022 година.

Согласно Законот за младинско учество од 2020 година  ги задолжува сите општини да ги вклучат младите во носењето на младинските политики на локално ниво преку формирање на локални младински совети, се со цел да бидат активни и ангажирани за изнаоѓање на решенија за подобар живот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »