речник контакт

Локалната власт бара партнер за изградба на покриен пазар

Цел е подобрување на условите за работа на Градскиот пазар

Петар Печков

Општина Велес распиша  јавен повик, со кој бара приватен  инвеститор  кој ќе грди покриен пазар, на местото од сегашниот Градски, на левата страна од градот.  Просторот на кој ќе се гради објектот е со површина од 6 илјади метри квадратни.  Изградбата би била со јавно  приватно партнерство, финансиерот би добил административен  и деловен простор со кој  ќе може да стопанисува.

Приватниот партнер превзема обврска: да ја финансира изработката на урбанистичката документација ДУП, да ја финансира во целост целата проектна документација за изградба на објектот а при тоа идејното решение и основниот проект да бидат одобрени од страна на јавниот партнер – општината, да ја финансира во целост изградбата на објектот согласно одобрениот основен проект од страна на јавниот партнер – општината, да ги финансира сите пропратни трошоци поврзани со изработка на техничата документација и со самата изградба на објектот.

По завршување на изградбата на објектот приватниот партнер потребно е да го отстапи на јавниот партнер - општината целиот простор предвиден за пазар. По завршување на изградбата, доколку со Студијата за одржливост се утврди оправданост од дополнителен деловен или административен простор, приватниот партнер го отстапува и тој простор на општината.  Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани правни и физички лица, странски и домашни.  Рокот за пријавување е до крајот на месецов.

Локалната власт предвидува дека овој проект би чинел околу 3,5 милиони денари а изградбата би започнала во септември годинава. Доколку не се јави ниту еден заинтересиран, за јавно приватно партнерство, градоначалникот Чадиев најави дека тие ќе започнат со изградбата, за што имало обезбедено средства во  неколку ставки од годинашниот Буџет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »