Петар Печков
Објавено: среда, 10 февруари 2016
Подготвувајќи монографија и брошури за Велес, локалната власт побара од сограѓаните доколку имаат било каква фотографија од градот, да ја испратат до нив.
Постојниот рекламен материјал е надминат, потребен е нов. Годинава ќе се издаде нова брошура и монографија за Велес. Затоа ни се потребни фотографии од последните две годни, за новите содржини кои Велес ги доби, но и панорама. Може и слики до стар Велес, се е добредојдено - изјави Катица Чадиева од локалната власт .
Истите можат да се испраќаат ан следната електронска адреса: opve@veles.gov.mk . Сопствениците чии фотографии ќе бидат објавени, ќе бидат впишани во монографијата или брошурата, додека на останатите ќе им бидат вратени.
Од 8-ми февруари кога е отворен повикот, до денес имало десетина пристигнати фотографии а подоследниот рок на испраќање е 7-ми март. На овој начин од локалната власт додаваат дека се отвора можност секој граѓанин да даде свој личен придонес во промовирањето на својата општина, но и свое лично промовирање пред јавноста.
Tweet |