Петар Печков
Објавено: петок, 13 септември 2019
Наместо 4-5 дена, како што најавија од локалната власт, паркинг просторот кај Ликовниот салон, во Велес се реконструира три седмици. Но работите и не се започнати. Ова предизвика силни реакции во јавноста, кај возачите, бидејќи и така градот нема доволно паркинг простор, сега три седмици се судруваат со еден паркинг простор помалку. Така времено градот, остана без 50-тина места, колку што можеа автомобили таму да се паркираат.
На 26-ти Општина Велес информираше дека ќе се извршат градежни работи на паркингот кај Пионерски, денес сме 13-ти но таму ништо не се случува. И така во градот има недостиг од паркинг простора, со временото затворање на овој, уште повеќе се зголеми гужвата - велат возачите.
Освен нив и пешаците го чувствуваат проблемот, оти тротоарот во должина од 50-тна метри е окупиран од недозволено паркирани автомобили. Од локалната власт вината ја посочуваат во изведувачот, кој побарал да се затвори просторот, а не бил подготвен да ги изврши дадените задачи.
На иницијатива на изведувачот ,,Изгрев,, го затворивме паркингот, да го изгребат и да асфалтираат. Мина трета недела а тие не асфалтираат. Изговорот е дека фирмата која треба да асфалтира, ,,Изгрев,, нема асфалтна база, не доаѓа за толку мали површини, па сега ќе врзува со други активности -пат на езеро Младост и пат за село Чолошево. Ова требаше да ни го кажат навреме, да не го затвораме паркингот толку денови. Дојдовме во ситуација незадоволните да плукаат кон мене и службениците, а ние не сносиме никаква вина. Постапивме по барање на изведувачот, кој не беше подготвен да ја изврши задачата - кажа градоначалникот Коцевски. Тој дополни дека имаат сериозен проблем со градежните фирми -изведувачи, кои имаат недостиг од градежни работници, иако во градот има голем број невработени. Голем број налози за работа, издадени од страна на Општина Велес, не биле реализирани од градежните компании. Затоа Коцевски бил во дилема дали да покрене постапка, пред Бирото за Јавни набавки, да ги стави на т.н. ,,црна листа,,.
,,Со тоа тие не ќе можат две години да се јавуваат на јавни набавки и така би ги казнил вработените, кои 24 месеци би останале без работа,, смеата Коцевски
Поради ова, градоначалникот најави дека за новите сообраќајни решенија, на крстосниците, кај Пошта, кај ДОЗ и кај училиштето Васил Главинов, ќе се решава со еден тендер,кој ќе има поголема вредност,за да се јават повеќе градежни фирми. За до година пак во вакви случаи, ќе се бара изведувач кој има асфалтна база.
Tweet |