Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2020
Општинската администрација на Општина Велес од денес, понеделник, 27 април започна да го применува редовното работно време од 07:30 до 15: 30 часот.
И вработените на ЈКП Дервен продолжуваат да работат со полно работно време, од 7 до 15 часот.
Ова доаѓа откако времетраењето на полицискиот час, поради состојбата со ковид-19 е намален.
Жителите на Општина Велес своите потреби и барања можат да ги остварат и поднесат преку Граѓанскиот сервис центар и архивата на Општина Велес, помеѓу 10:00 и 14:00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.
Граѓаните и натаму своите сметки можат да ги плаќаат во ЈКП Дервен но при тоа се запазуваат пропишаните мерки за заштита од корона вирусот.
Tweet |