Петар Печков
Објавено: среда, 18 ноември 2020
Локалната власт на Општина чашка набави 35 компјутери кои се наменети за наставниот кадар од двете основни училишта кои работат во Општината. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Чашка во висина од 800 илјади денари .
Со овие компјутери, наставниот кадар во основните училишта, успешно ќе го спроведуваат комбинираниот модел на онлајн настава, согласно насоките од МОН - кажа градоначалникот на Општината Горан Стојановски.
Во наредниов период, по спроведена тендерска постапка, ќе се обезбедат таблети за околу 300 ученици од социјално ранлива категорија на семејства во Општина Чашка во вредност од еден милион денари, а со цел успешно спроведување на онлајн наставата на територијата на општината.
Tweet |