речник контакт

Локалната власт не сака да ја затвори Маслодајна, туку таа да работи по еколошки стандарди

Во Маслодајна имало за решавање и повеќе обврски за да се добие „Б“ интегрирана дозвола

Петар Печков

Локалната власт нема ништо против велешка Маслодајна, ниту сакаат таа да биде затворена, рекоа на денешната прес конференција градоначалникот и раководителот на службата за животна средина. 

Маслодајна не сакаме да се затвори, туку да работи по еколошки стандарди и да нема еко-хаварии - рече Коцевски. 

На прашањето дали  и како е предвидено решавање на еколошки проблем, што настанал во инсталацијата, која има дозвола за усогласување за „Б“,  откако од Маслодајна се жалеа дека никој не им кажал што треба и како да се постапи,  одговорот го даде раководителот на одделението за животна средина Билјана Манаскова Шуркова беше:

Во еден дел од оваа дозвола за усогласување има спречување и контрола  на хаварии. Со дозволата операторот е задолжен сите документи за спречување на хавариите   да ги изготви и ажурира на пет години од издавањето на дозволата за усогласување.  Ваков ажуриран план од страна на ПИ „Благој Ѓорев“ не е доставен. Со стариот план, вакви состојби не се предвидени   и нема.

Во однос на испуштањето на отпадните води во испусно -отпадниот канал , за што од Маслодајна чекаат одобрение Манаскова Шуркова објасни:

Маслодајна има процесни отпадни води и санитарни отпадни води, кои се како и на секое друга институција и домаќинство. Процесните отпадни води се испуштаат во т.н. топилничка канализација, кој нема оператор и со него управува општината.   Општина Велес презема активности овој канал да го предаде на ЈКП Дервен. ПИ Благој Ѓорев се обрати до нас , што да прави со кого да го склучи тој договор кога нема оператор. Има преодно решение за кое капацитетот е известен и не е коректно да се правдаат дека не знаат.

Раководителката Манаскова Шуркова одговори и за градежната дозвола, за тоа дека производителот нема доставено основен проект, додека од Маслодајна тврдат дека е доставен.

Лично се јавив кај проектантите Линеа доо и  бев информирана дека   основниот проект се наоѓа во Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија и досега воопшто не е доставен до Општина Велес. Таков документ нема добиено  одделението за урбанизам - кажа раководителката. 

Таа потенцираше дека освен овие два проекти, бунарска вода и отпадни води, во Маслодајна имало за решавање и други обврски  за да се добие „Б“ интегрирана дозвола. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »