речник контакт

Локалната власт повторно ќе наградува за најдобро украсена новогодишна илуминација

Се наградува за двор, тераса и излог

Петар Печков

По неколку години пауза, Општина Велес повторно ќе ги наградува сограѓаните кои имаат најдобра новогодишна илуминација.  Ќе се наградува за најдобро украсен двор, тераса и излог а наградата е парична во износ од 15 илјади денари.  

Предлози за  сите три категории  се поднесуваат  најдоцна до 21 декември  годинава до Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1 со назнака за Комисија за празнична илуминација или на e-mail opve@veles.gov.mk  Пријавата да содржи точна адреса на предложениот објект, лице за контакт и телефон. Пожелно е да се достави и фотографија или снимка од предложениот објект. Наградите за најуспешните решенија ќе се доделат на свеченоста  што Општина Велес ја организира по повод Новогодишните и божиќните празници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »