Петар Печков
Објавено: петок, 25 декември 2015
На прес конференција беше презентиран Отчетот на Општина Велес за 2015 година. Во духот на заложби за транспарентност и за одговорност пред сите граѓани, и оваа година со Отчет за сработеното на Општина Велес во текот на 2015 година.
Во брошурата, детално, преку фотографии и текст се прикажани сите реализирани проекти на Локалната самоуправа. Ова е документот со кој говори за нашата посветеност кон работата и создавањето на подобри услови за живеење. Се што постигнавме досега и сите планови за иднина не се само наше дело. Тоа не ќе беше возможно ако не бевме поддржани и поттикнати од граѓаните, ако не ја добиевме помошта од бизнис заедницата и институциите на системот. На сите што изминатава година го дадоа својот придонес во развојот на нашата општина искрено им благодарам. Единството со кое настапуваме, одлучноста и самодовербата се изворот на нашата енергија -рече градоначалникот Чадиев.
На повеке локации низ градот денес се делеше отчетот на Општина Велес за 2015-та година. Лично од страна на градоначалникот Славчо Чадиев беше поделен на градскиот пазар.
Tweet |