речник контакт

Локалната власт ќе ги решава дивоградбите од гаражи кои станаа деловни објекти

Градоначалникот најави дека ќе го реши овој проблем, каде 15-тина гаражи станаа деловен простор, а за тоа повеќето никого и никому не плаќаат бидјеќи се дивоградби

Петар Печков

Петнаесетината гаражи кои години наназад беа претворени во деловни објекти локалната власт има намера да го решава проблемот кои тие го создаваат. Во комплексот наречен Убавиците има повеќе гаражи кои пред повеќе години сопствениците ги пренамениле во деловни простории без дозвола.

Само две имаат добиено  дозвола од Министерството за транспорт и врски од 2004-та за пренамена.  За ваквата ситуација реагираат и од неодамна составениот Иницијативен одбор на граѓани против дивоградбите.

Во комплексот загради на  т.н. Убавиците и до неа има дваесетина дуќани. Од нив работат само пет.  Во нивното купување и опремување  сме вложувале  од 20 до 50 илјади евра. И поголемиот дел од нив не работат, затоа што гаражите пред нивните влезови, сопствениците самоиницијативно ги пренаменија во дуќани. Кој ќе ни ја плати штетата за тоа што ние не работиме иако имаме документи и дозволи, имаме документ за сопственост  а други без дозвола работа работат на диво – велат сопствениците на овие дуќани.

Тие прашуваат кој и каква финансиска корист има од овие диво пренаменети гаражи, освен сопствениците. Некој од сопствениците најавуваат и тужби против градот, за надомест за претрпена штета од работата на нелегалните пренаменети гаражи.  Од  локалната власт најавуваат дека ќе ги заштитат интересите на градот и државата.

Ќе постапиме во согласност со Законот.,А тој вели дека тоа се дивоградби, не можат да постојат. Бидејќи сме во време на избори, по овој  изборен процес ќе постапиме во согласност со Законот. Ќе имаме доста работа – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »