Петар Печков
Објавено: петок, 09 октомври 2026
Од почетокот на месецот септември железничкиот сообраќај на релација Скопје – Велес и обратно е редуциран. Од први септември попладневниот, локалот кој сообраќаше од Скопје за Велес во 13,20 и се враќаше од Велес во 14,25 беше укинат.. Случајно или не во истиот временски период започна да сообраќа т.н. градски воз од Скопје за Зелениково во 13,20 и негово враќање кон Скопје во 14ч.. Ги нема ниту утринскиот од 8ч од Скопје за Велес ниту тој во 12,10 од Велес за Скопје.
Честа е сликата кога патниците од железничка станица Велес на пладне разорачни се враќаат, откако нема воз кој треба да ги пренесе до Скопје или некоја од попатните станици.
„Подолго време го нема патничкиот воз кој во 12,10 поаѓаше за Скопје. Ние патуваме до првата станица Рајко за селото Слп. Сега нема превоз, бидјеќи нема пат до таму, треба да чекаме воз до вечер. И тоа малку патници кои бевме, сега сите не избркаа“ – вели велешанец, кој го користел пладневиот воз за Скопје. Дали поради Питијадата деновиве локалот во 12,10 сообраќа.
Игор Смилев екологист, и како што сам за себе вели последниот корисник на железничкиот патнички превоз, реагира дека и така намалениот број возови низ земјава сега е уште помал.
„Со воведувањето на „градскиот воз" за Зелениково се жртвуваа сите локални возови од Велес кон Скопје, освен ноќниот за кој не постои сведок дека некој некогаш го видел. Железничката станица Велес зјае празна, патници нема, духот и традицијата на градот се скршени. Од железничарски град со илјадници студенти и работници, корисници на возот не остана ништо, аптниците се бројат на прсти на рака“ – вели Смилев.
Од МЖ Транспорт ги отфрлаат обвинувањата дека поради градскиот воз за Зелинково е запоставен другиот патнички железнички превоз во земјава, за останатите градови.
„Утринскиот од Скопје и пладневиот од Велес кон Скопје е времено стопиран поради малиот број патници. Со другите линии проблемот е со намалениот број на машино возачи, имаме проблем со стручен кадар. Ова што се случува нема никаква допирна врска со „градскиот воз“за Зелениково. Не знам зошто луѓево го врзуват него со другите линии. Има доволно возови за железнички сообраќај, имаме шест патнички вагони. Две локомотиви кои се наменски само за патнички сообраќај. Ние не сме имале токлку гарнитури за сообраќај, колку што имаме сега. Три дизел, две електрични, плус т.н. „шпанец“ кој беше репариран“ - кажа Горан Јовановски директор на МЖ Транспорт.
Во пракса во Македонија сега сообраќаат осум воза, три патнички воза за Битола, два за Гевгелија еден за Велес и два за Куманово, исто толку и назад кон Скопје.
Остана забележано дека на 1 септември, кога штрајкува машиновозачите и возовите стоеја, но затоа тој ден возеше „градскиот воз“ од Скопје за Зелениково и назад, тие машиновзачи не штрјкуваа.
Од година во година се намалува бројот на патници, но и бројот на активни железнички линии. Лани МЖ превезло 177.775 патника, е годината претходно 237.648 а во 2023 -280.440. Ова се податоци објавени на Државниот завод за статистика (ДЗС). Од мај 2021 не сообраќаат возовите кон Кочани и Кичево.
| Tweet |




