Петар Печков
Објавено: вторник, 09 септември 2014
Во второто коло од Третата лига Југ, каде се натпреваруваат три велешки екипи, се одигра првото локално дерби.
На Градски стадион Борец 2009 како домаќин загуби од екипата на Превалец со 1:2 со голови постигнати во финишот од средбата, додека екипата нa Бабуна загуби на гостувањето во прилепско Горно Коњари од истоимената екипа исто така со 2:1.
Така по две одиграни кола екипата на Превалец е при врвот, втора од три екипи со максимални шест бодови. Во наредното коло повторно локално дерби Бабуна – Борец 2009.
Започнаа и фудбалските натпревари во женска конкуренција. Се играше купот, а во Велес екипата на Борец загуби од екипата на Младост од Кочани со 2:0.
Tweet |