речник контакт

Локацијата за изградба на покриен пливачки базен е позната неколку години, во дворот на Градскиот базен

Но нема промена на Деталниот урбанистики план за да се издаде дозвола за градење

Петар Печков

Локацијата за покриен училиштен базен е иста како пред неколку години, покрај отворениот градски базен. Ова го слушнаа членовите на Советот откако на последната седница на Советот на Општина Велес, беше поставена Информација за превземените дејствија по дописот на Агенцијата за млади и спорт за локација за изградба на затворен училиштен  пливачки базен во Велес.

„Имаме одредено локација за изградба на затворен училиштен базен. Вакво барање имаме добиено неколку години претходно. Уште тогаш е одредена локацијата. Тоа е до отворениот базен. Не е во училиштен двор, иако намената пред се за  ученици, оти Министерството за образование не дозволуваше. Причина е што се намалува површината од дворот,  за по ученик. Затоа најдовме површина до отворениот пливачки базен. Одобрение не можеме да издадеме оти немаме добиено согласност за Деталниот урбанистички план кој е во постапка. Неколку пати сме реагирале, но повратно немаме одговор. Имаше забелешки, ги отстранивме и сега чекаме потврда“ – кажа Роза Здравева, архитект раководител на одделение за урбанизам

На ова советничката  Пандорка Прличкова праша дали се чека одговор од Министерството за транспорт и врски а одговорот беше потврден.

Димензиите на покриениот училиште базен се  25 м должина и ширина од минимум 8,80м. Минималната длабочина на базенот е 0,8 м, а максималната 1,4 м. Висината на објектот е оптимално димензионирана со цел да се овозможи најекономично користење. При проектирањето се применети препораките, стандардите и нормативите на светската пливачка Федерација FINA.

„Изградбата на базенот треба да овозможи услови за одржување на настава по пливање, обука на непливачи, тренинг, рекреација и натпревар преку целата година за учениците, спортистите, младите луѓе и граѓаните од општината и пошироко. Објектот е наменет за спортови на вода, првенствено за обука на непливачи, односно обука на ученици од помала возраст, но истовремено овозможува и тренинг на деца и спортисти со понапредни способности во пливањето. Објектот исто така овозможува минимум услови за рекреација на локалното население од сите старосни групи во термини посебно определени за таа намена“ - соопштија од Агенцијата за млади и спорт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »