Петар Печков
Објавено: четврток, 26 ноември 2020
Четврта победа за четири кола за кошаркарите на велешки Борец баскет, на гостувањето во Струмица. Голема победа од 73:69, победа број 4 за клубот од Велес. Тој е на врвот со екипата на КК Ангели исто со осум бода.
Се одигра вонредното, осмо коло во Третата фудбалска лига Југ, каде настапуваат три екипи од ОФС Велес. Тие забележаа две победи и еден пораз. Екипата на ФК Локомотива од Градско со четврта победа во серија, овој ап убедлива со високи 7:0 против ФК Марена која е тринаесетто пласирана. Висока победа од 6:12 забележа и ФК Превалец дома, против десетто пласираната ФК Младост 1930 од Житоше прилепско. Пораз за фудбалерите на ФК Илинден од Башино село во дербито на дното во Крушево од ФК Питу Гули со сигурни 4:1.
По ова осмо коло ФК Локомотива се искачи на второто место со 18 бода колку што има и лидерот ФК Напредок од прилепско Крушеане а имаат и трето и четврото пласираните ФК Дојранско езеро и ФК Ново Црнилиште. ФК Превалец е ФК Превалец со 15 бода и е шести а ФК Илинден БС падна на 14-тото место до 16 екипи со само четири бода.
Во деветтото коло локално дерби во Башино село, ФК Илинден и ФК Локомотива од Градско а ФК Превалец гостува во прилепско Мажучиште, на екипата на ФК Динамо која е 12-та со девет бода.
Tweet |