Петар Печков
Објавено: среда, 08 мај 2019
Попладнево околу 17,30 ч. товарниот воз кој од Солун возел за Белград, носејќи кинеска стока, непланирано застанал среде Велес. Поради застојот трите патни премини се блокирани, ниту се одвива сообраќај, ниту пешаците можат да преминат преку.
Расипана е локомотивата на товарниот воз. Очекуваме да дојде нова и возот да биде повлечен, по што и премините ќе бидат ослободени - објаснија од велешката железничка станица.
Блокирани се двата премина кои водат до населбата Дворови и жителите за да стигнат дома мора да вртат дури до подвозникот кај Мало мовче. Блокиран е и преминот на мостот Гемиџии, па за да се стигне од стариот во новиот дел на Велессе користи преминот кај Стар мост, каде има голема колона возила. Поради овој застој и патничкиот воз кој од Велес за Гевгелија тргнува во 17,40 патувањето ќе го продолжи со отстранувањето на товарниот воз од пругата.
Tweet |