Петар Печков
Објавено: петок, 07 август 2020
Ниту после 16 дена не е пуштен во сообраќај патничкиот воз од и за Кочани. Откако на 22-ри јули утрото, патничкиот воз излета близу железничката станица Јане Сандански, тој не сообраќа.
За ваквата состојба реагираа патниците од Велес кој возот го користеа за патување до Скопје а попладне за враќање дома. Од ЈП МЖ Инфраструктура, информираат дека причината е што дизел локомотивата, се уште е на поправка.
Има недостиг на превозни средства, и додека не се поправи локомотивата, нема можност да се пушти друга во сообраќај. Се додека е на поправка, патничкиот железнички сообраќајка ќе биде во прекин. Кога ќе се оспособи веднаш ќе продолжи сообраќајот - изјавија од ЈП МЖ Инфраструктура.
Патничкиот воз од Кочани, кој утрото патувал за Скопје, засега од уште неутврдени причини излета од пругата и удри во метален електричен столб. Повредени патници и возен персонал немаше.
Овој воз од Кочани поаѓаше 5,26 ч. во Велес беше во 7,24 ч. а попладне од Скопје тргнуваше во 15,24 ч. а во Велес беше во 16,20ч.
Tweet |