речник контакт

Лошото време предизвика оштетување на кабелот и железничките рампи во Велес три дена не работат

Се создаваат големи колони на возила пред железничките премини, што создава гужви по велешките улици

Петар Печков

Трет ден не работат  сигурносните  рампи  на железничките премини во Велес.  Тоа го отежнува патничкиот сообраќај низ градот, каде има дури  четири железнички премини, од кои три се на електроника.

Ова нефункционирање се создава големи колони, поради спорото минување на возовите, што создва долги колони од возила и  ја зголемува нервозата кај возачите и паниците во автомобилите.    Причина што не работат  безбедносните рампи бил оштетениот железнички кабел. 

Од силното невреме кое го зафати регионот во саботата вечер,  оштетен е безбедносниот кабел на пругата  Велес- Згрополци. Поради тоа што местото беше под вода, работите се одвиваа отежнато. Ископан е ров од стотина метри  и се работи на поставување на нов кабел во должина од 120 метри, кој ќе биде поврзан со стариот - изјавија од ЈП МЖ инфраструктура.

Тие очекуваат дека до утре попладне ќе биде поставен кабелот а со тоа безбедносните железнички рампи ќе функционираат и нормализирање на железничкиот сообраќај. 

Во вакви случаи кога рампите не функционираат,  според прописите на МЖ,  машиновозачите на возовите се должни пред  премините да сопрат,  со звучно сигнализарање на возот и излегување на машиновозачот од возот кај премените, да ги  предупредат  возачите и минувачите  кои сакаат да ја преминат пругата на овие премини.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »