Петар Печков
Објавено: петок, 25 февруари 2022
Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во посета на компанијата ЈУ-КА ДООЕЛ Велес каде ќе се спроведува одлуката на Владата за минимална плата од 18 илјади денари а истата ќе прима финансиска помош за реализација на оваа мерка.
„Ова ја покажува грижата на Владата за работниците и за подигнување на животниот стандард во земјава. Дополнително ова се случува во услови на здравствена и енергетска криза, што уште појасно ја покажува нашата определба како Влада за раст на платите во земјава. Намалени се царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали кои ги користат домашните компании и кои ќе влијаат на намалување на нивните трошоци, ќе создадат можност за проширување на производството, нови вработувања “ рече министерот Бесими.
Во државниот Буџет се издвоени 16 милиони евра за субвенционирање на делот на придонесите за зголемување на минималната плата.
Мерката за зголемување на минималната плата ќе се реализира преку Управата за јавни приходи, за што директорката Лукаревска истакна дека УЈП е подготвена како и при успешната реализацијата на претходните владини антикризни мерки.
„Постапката е едноставна односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата, за оние лица за кои бара обезбедување на финансиска помош од државата ги означува со посебна шифра. На крај на месецот после исплатената плата, Управата за јавни приходи ќе достави извештај за бараната финансиска помош до МТПС од каде истата ќе биде исплатена на работодавачот“, изјави Лукаревска.
Таа додаде дека државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари, со што ќе се излезе во пресрет и на компаниите и на работниците.
Tweet |