Петар Печков
Објавено: вторник, 28 јули 2015
Неочекувано, на разочарување на дел од помладите во градот, од вчера Луна паркот си замина. Иако изминатите години тој беше тука цело лето, од завршувањето до почетокот на школската година, ова лето си замина среде сезона.
Дали велешани не беа доволно дарежливи како домаќини, немаше промет или нешто е трето во прашање, останува дилемата, чиј одговор го знаат само сопствениците. А тие сега се во некое скопско село..
Tweet |