Петар Печков
Објавено: сабота, 09 јули 2016
Кога нашите родители стапувале во брак, веројатно биле постари од нашите баби и дедовци. Вие пак, доколку се одлучите да стапите во брак, ќе стапите постари од вашите родители.
Ваквиот тренд е присутен речиси насекаде низ светот. Возраста на стапување во брак не го одредува само генерацискиот јаз туку и самото место каде што живеете.
Колку долго останувате без партнер, често зависи од земјата во која живееме, и тоа поради очигледна причина - парите. Според документот „UN World Marriage Data 2015“ во кој се објавени податоци за тоа на колку години луѓето во земјите на ОН стапуваат во брак, постои доста силна врска помеѓу економската сила на една земја и возраста на која тие стапуваат во брак.
На пример, во богатите земји како Шведска и Финска, луѓето стапуваат во брак кога добро ќе навлезат во 30-та, додека во Средноафриканските држави, просечната личност стапува во брак и пред дваесеттата.
Секако, парите не се единствен фактор. Американците се значително побогати од Чилеанците, но и во двете земји луѓето влегуваат во брак околу 28-та година од животот. Во секоја земја низ светот мажите во брак влегуваат подоцна од жената и тоа за околу 3.7 години. Најголема е разликата помеѓу мажите и жените во Египет, каде мажите во брак влегуваат 5 години пред жените, додека најмала е разликата во Франција, каде е околу година и пол.
Без оглед на полот, луѓето влегуваат подоцна во брак насекаде низ светот. Од 70-те години на минатиот век, просечната возраст во која жените влегуваат во брак на глобално ниво порасна за скоро три години - од 21.8 до 24.7. Поради овој раст, статистички помалку луѓе во светот се во брак, но тоа не значи дека луѓето генерално помалку се венчаваат. Скоро 80% во светот се венчаваат до 49-та година од животот, па дури и повеќе доколку се вбројат слични, нерегистрирани заедници.
Најдоцна во брак влегуваат Германците и тоа на 33.1 години, потоа Бразилците на 30.8 години, Јапонците на 30.5 години и Американците и Британците на 27.9 години. Најрано влегуваат граѓаните на Индонезија на 21.9 години, Бангладеш на 22.2 години и Индија на 22.8 години, тука се и Конго и Етиопија со 23 години.
Кога станува збор за Македонија, според Државниот завод за статистика, најголем број од луѓето стапуваат во брак на 25 до 29 годишна возраст (5.288 луѓе во 2015 година), додека веднаш после нив доаѓаат оние на 30 до 34 години (3.272 луѓе оваа година).
Ова е документот на Обединетите нации, истражување кога и на која возраст се стапува во брак во минатата 2015 година
http://www.un.org/en/development/desa/population/theme/marriage-unions/WMD2015.shtml
текстот е преземен од: fakulteti.mk
Tweet |