Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 јули 2023
МВР со детали за апсењето на момчето кај кое беа пронајдени 444 грама марихуана, дома и на работа.
„На 8 јули во 14.10 часот во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(23 год) од Велес. При претрес во домот во кој што престојувал, извршен по претходно добиена наредба, биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана, десет пакувања бела грутчеста материја, дигитална вага и поголем износ на пари“ - соопштија од МВР.
Б.А. бил приведен и на 9 јули, спроведен во ОЈО Велес, а потоа предаден во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје, каде ќе се наоѓа во притвор.
Претходно ОЈО Велес објави дека дел од марихуаната Б.А. ја чувал и била пронајдена и во шкафот на работното место.
форо архива
Tweet |